Search
Search

Костадиновска-Стојчевска: Враќаме 21 од украдените икони од Албанија

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека 0д Албанија овој петок ќе бидат вратени 21 од украдените и потоа пронајдени икони.

-Ќе останат уште дваесетина икони кои незаконски беа изнесени од државата – за нивното враќање потребно е да се завршат процедурите“ рече Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“.

Таа додаде дека враќањето е резултат на билатералните договори за соработка во областа на културата, но и одличната комуникација која министерството ја има со колегите од државите во регионот.

„Културната соработката која се темели на европските вредности е вистински елемент на европското поврзување и заедничко придвижување напред. Затоа и сме толку фокусирани на поврзувањето и соработката со регионот, бидејќи тоа е еден од најдобрите начини за обезбедување на долг рок заштита на културното наследство“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека културата е отворена како никогаш досега, а приоритетот сепак се става на домашната културна политика.

 

АКТУЕЛНО