Search
Search

Оние кои имаат викендички и по два три стана, не смее да биде субвениционирани од државата!

Оние што имаат викендички или по два-три стана, ќе плаќаат повисоки сметки за струја, бидејќи според сегашната поставеност на пресметките, сите граѓани ги плаќаат нивните луксузи. Во оваа група спаѓаат домаќинствата од третиот и од четвртиот блок и за нив ќе има фиксен надоместок во текот на годината, додека за домаќинствата што се во првиот и во вториот блок (40 до 50 отсто) кои помалку трошат струја, сметките ќе останат исти и од 1 јануари, без разлика какви се барањата на енергетските компании. Не откривајќи колку ќе им се зголемат сметките на „трошаџиите“ од третиот и од четвртиот блок, Министерот Бектеши рече дека лично тој смета дека треба „да добијат максимално зголемување, но крајниот збор ќе го има РКЕ“. Бектеши е дециден дека воведувањето на евтината дневна тарифа во никој случај не е компензација за новата давачка, ами напротив, мотив плус и за оние што трошат повеќе струја, да почнат да штедат. Намалувањето на потрошувачката на енергијата е крајната цел, поентираше Бектеши.

– Ако мене ме прашувате јас лично сум за максимално зголемување на цените за овие два блока. Тие ги користат своите викендички еднаш годишно, а плаќаат исто како нас што живееме постојано во домовите. Ова не е правично и затоа сметам дека некој што троши струја како една фабрика, не треба да биде субвенциониран од државата – подвлече Бектеши.

Тој порача дека имаме правична методологија и според категории граѓани.

– Во состав на Енергетскиот совет речиси веќе една година се работи на нова методологија, со цел да се врати евтината тарифа, воедно на новите давачки, а тоа ќе засега одредени групи граѓани што имаат викендички, по две-три куќи, два-три стана и слично, поради тоа што во делот на наплаќање за дистрибутивната мрежа, повеќе плаќаат тие граѓани што навистина користат електрична енергија, каде што пресметката се применува врз потрошувачката и колку е користено како мрежа. Тие што имаат викендички и користат еднаш, двапати, трипати во годината, тие што не ги користат становите, куќите, дополни Бектеши, ќе го платат тој надоместок, а за граѓаните што навистина користат електрична енергија и имаат еден стан или куќа, ќе се намали ставката за дистрибутивна мрежа. Тоа значи дека имаме правична методологија и според категории граѓани во нашата држава – рече Бектеши.

Иако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е независно тело кое одлучува за цената на струјата, министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека барањата за поскапување на струјата за 27 % од први јануари, нема да бидат прифатени. МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО доставија пресмети со барање за поскапување на струјата, а Регулаторната комисија одлука најави за следната недела.

„Енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 % поскапување во делот на трошоците кои тие ги пријавуваат и согласно нивните планови за инвестирање. Тоа ќе биде одлука на РКЕ колку од тие трошоци ќе ги прифати. 27% не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и ЕВН. Тие најверојатно нема да бидат прифатени“, рече министерот Бектеши по одбележувањето 10 години од постоењето на Фондот за иновации.

Тој уверува дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја од први јануари туку напротив ќе имаат можност да ги намалат сметките со користење на дневната евтина тарифа на струјата.

Корисниците кои се во првиот и вториот тарифен блок нема да имаат промена во сметките ниту со воведување на новата давачка – пристап до мрежа, која ќе направи измена само кај оние кои се големи потрошувачи на струја и кај оние кои имаат по неколку станови или викендички.

Граѓаните на сметките за струја од 1 јануари идната година, ќе имаат нова ставка „пристап до мрежа“. Не е позната точната сума колку ќе изнесува ова ставка, но се оперира со 50 до 250 денари. Од друга страна, најавено е намалување на ставката за мрежарина.

Повеќето граѓани мислеа дека Министерството за економија се шегува кога рековме дека ќе ја тужиме Бугарија за воведената такса пред ЕУ, но она што ние го презентиравме како аргумент пред ЕК и Енергетската заедница се покажа како точно, посочи министерот за економија Крешник Бектеши, прашан за коментар откако Бугарија се откажа од транзитната такса за рускиот гас.

– Граѓаните треба да бидат спокојни, ќе има доволно гас за парното греење, а што се однесува до нашето барање за проширување на капацитетите за гас, тоа е наше принципиелно барање и имаме можност тие да се прошират за 40 до 50 отсто – рече Бектеши.

 

АКТУЕЛНО