Search
Search

Во Тетово одземени над 3000 петарди и друга пиротехника

СВР Тетово информира дека полицајци денеска околу 15 часот, на градскиот плоштад во Тетово, го лишиле од слобода 54-годишниот тетовец Ф.А. затоа што кај него биле пронајдени и одземени над 3010 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди.

– Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во член 396 од Кривичниот законик се вели дека тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува граѓаните дека набавувањето, продавањето и активирањето пиротехнички средства е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот законик.

АКТУЕЛНО