Search
Search

Поголем дел од луѓето во светот претстојните празници би ги поминале во следните европски метрополи

 
Користејќи ги податоците од социјалните мрежи и резултатите од пребарувањето на „Google“, „Cloudvards.net“ направил интересна листа на популарни божиќни дестинации ширум светот.
Пребарувањето на оваа веб-страница покажало дека поголем дел од луѓето од целиот свет сонува и планира да биде во Лондон за новогодишните и божиќни празници.

Главниот град на Велика Британија е на врвот од листата желби во 20-на земји, вклучувајќи ги и Шпанија, Холандија, Канада и Австралија.

 

Најчесто користените клучни зборови за пребарување на интернет се „Божиќ во Лондон“ и „работи кои треба да ги направите во Лондон за Божиќ“.

Виена во Австрија е вториот најпопуларен град за Божиќ, особено во Италија, Германија и САД.

На листата се десет најпопуларни градови за прославување на Божиќ, а најмногу од нив се наоѓаат во Европа.

 

Виена

 

 

Единствениот исклучок е Њујорк којшто се наоѓа на третото место кое го дели со Париз, но и Токио во Јапонија кој се наоѓа на седмото место кое го дели со Берлин, Минхен и Нирнберг во Германија, Амстердам во Холандија, Копенхаген во Данска и Стразбур во Франција.

Анализата на „Cloudvards.net“ покажала дека Европјаните во текот на Божиќ најчесто остануваат на својот континент. Доколку патуваат, одат во соседните земји, главно во градовите Виена и Будимпешта.

За Британците, Прага е совршено место за божиќен одмор, а за Французите тоа е Брисел. Португалците го сакаат Париз, а Австријците Нирнберг.

 

Најпопуларните градови за прослава на Божиќ според анализата на „Cloudvards.net“:

Лондон, Обединето Кралство

Виена, Австрија

Њујорк, САД

Париз, Франција

Будимпешта, Унгарија

Мадрид, Шпанија

Прага, Чешка

Брисел, Белгија

Токио, Јапонија

Берлин, Германија

Минхен, Германијa

Нирнберг, Германија

Амстердам, Холандија

Копенхаген, Данска

Стразбур, Франција

АКТУЕЛНО