Search
Search

Жешкиот бран го зголеми ризикот од шумски пожари низ Австралија

Многу региони на Австралија денеска прогласија тревога поради зголемен ризик од шумски пожари како последица на жешкиот бран и сушата.

Особено на удар се сојузните држави Западна Австралија, Северните Територии и Квинсленд, каде што  според метеоролошките прогнози температурата на места може да надмине 45 Целзиусови степени.

Прогнозата за Перт, најголемиот град во западниот дел на Австралија, за денеска е 35 степени, што е за 5 степени повеќе од вообичаениот просек на почетокот на летото.

Низ Западна Австралија денеска гореле повеќе од 20 диви пожари, вклучувајќи и еден што сѐ уште не е локализиран близу местото со 5.000 жители Пембертон, јужно од Перт.

Источниот брег на Австралија, пак, може да очекува поројни дождови, бидејќи кон Нов Јужен Велс се приближува силен циклон.

АКТУЕЛНО