Search
Search

Богоев: Приходите од Царината растат по сите основи

Царинската управа води бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и е партнер на стопанството, а сето тоа значи поголем прилив во државната каса, вели директорот на Царинската управа Стефан Богоев во интервју за „Слободен печат“.

Според Богоев, само во изминатите шест месеци откако е раководител на Царината има 40 проценти раст на данокот на моторни возила, 8 проценти раст на царинските даноци, 3 проценти раст на акцизите, а за одбележување е дека се запленети и 360 илјади евра во разни валути како и 66 илјади ризични парчиња лекови опасни по здравјето на граѓаните.

Приходите растат по секој основ вели Богоев, а расте и бројот на заплени и тоа за 30 проценти. Директорот најави и техничко-технолошки новини во работата на царината.

-Наредниот месец би требало да почне посавување на паметни камери на сите гранични премини на сите царински испостави. Тоа е проект од Светска банка со вештачка интелигенција, со препознавање на регистарските таблички, договоривме со соработници од американска страна на најфрекфентните гранични премини како што се Табановце и Блаце нашите цариници да се опремат и со телесни камери што ќе ги носат на себе и цело време ќе бидат под надзор- вели Богоев.

 

АКТУЕЛНО