„Од Владата имаме само 45 функционери кои земаат плата покачена за 78 проценти. Тука се градоначалниците, 120 пратеници и останатите се судии и јавни обивнители“ рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.
Таа додаде дека, за жал, во јавноста се претставува дека Владата е најкрива за тоа решение, иако тоа е одлука на Уставниот суд.
„Пратениците имаат предлог решение поднесено од Сојузот на синдикатите, но молчат и ја обвинуваат Владата. Владата и да достави предлог до Собранието, пак пратениците ќе молчат и ќе настане пазар и повторно Владата ќе е крива“ рече Тренчевска.
Министерката додаде дека во Парламентот има решение, поднесено не од некоја политичка партија или Владата, туку од синдикатите, но не се става на гласање, а тие земаат повисоки плати и од министрите.