Министерот за надворешни раблти и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со шефот на шпанската дипломатија, на новинарско прашање во одговорот изрази резерва дали е сега добар момент преку работната група и парламентот да се договори и уставна измена со која ќе се избрише одредбата „20 отсто“’ која овозможува употреба на албанскиот јазик како официјален. Тој смета дека постои ризик токму таквото инсистирање да создаде блокада на уставниот процес битен за продолжување на преговорите со ЕУ.
„Тие не сакаат уставни измени, туку водат партиска пропаганда за собирање политички пеони. Јас сакам уставни измени, меѓутоа не сакам да бидам дел од платформа која е составена за уставните измени, тоа е демагогија пар екселанс и мислам дека граѓаните многу лесно тоа го разоткриваат“, рече Османи.