Search
Search

Се решава работниот статус на 1.117 лица во здравството

Работниот однос на 1.117 лица кои работат на определено време како медицински и помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Владата, ќе им се трансформира на неопределено време, соопштија на заедничка прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министрите за здравство и за финансии, Фатмир Меџити и Фатмир Бесими.

– Инвестирањето во здравствени работници е една од најважните сегменти, за иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е решавањето на статусот на лекарите, болничарите, техничарите, на медицинскиот и немедицинскиот кадар со трајно вработување, истакна министерот Меџити.

Тој појасни оти средствата за одобрените вработувања на неопределено време се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување.

АКТУЕЛНО