Со повеќе од 720.000 светилки, сите програмирани на музика, Тимоти и Грејс Геј од Унион Вејл го држат Гинисовиот светски рекорд за најмногу светла на станбен имот од 2014 година, пренесува „Еј-би-си“.
Еден дом во мал град во Њујорк украсувањето со божиќни и новогодишни светла го искачи на повисоко ниво, всушност на недостижно.
Оваа година, парот прикажа повеќе од 720.000 светилки, сите програмирани на музика со цел да ја прослават празничната сезона со стил. Членовите на семејството велат дека во последните три децении, од посетителите собрале над 665.000 долари за добротворни цели. Според нив, голем дел од тие пари одат во детските организации.
Timothy and Grace Gay of Union Vale, New York, say they’ve held the Guinness World Record for most lights on a residential property since 2014. This year, the couple displayed more than 720,000 lights.https://t.co/N72PixiY93 pic.twitter.com/g6RLKXrGCu
— ABC News (@ABC) December 14, 2023
– Сѐ започна многу едноставно со само 600 светла на двете дрвја покрај предните скали – рече Тим Геј.
– И една година, брат ми предложи: „Стави светла околу езерцето. Откако го направивме тоа, тоа беше всушност искрата што запали додавајќи повеќе светла секоја година“ – додава Геј.