Search
Search

Поликлиниките во Скопје ќе дежураат за Нова година

За време на новогодишните празници „Здравствен дом на Скопје“ ќе работи 24 часа. На 31 декември, во текот на денот и за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Овие ординации ќе дежураат и за божиќните празници.

За време на празниците ќе функционира и единицата за домашно лекување.

Од Министерството за здравство информира дека и низ земјата ќе има дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита на пациентите.

Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, луѓето кои постеле да внимаваат на храна и умерено да користат алкохол, за да избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди.

Посебно апелираат до младите да не пијат алкохол, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Препорачуваат и луѓето да не користат пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

 

АКТУЕЛНО