На социјалните мрежи се појави видео од едно судење во американската сојузна држава Невада, каде обвинетиот маж очигледно незадоволен од пресудата ја напаѓа судијката.
Според соопштението, судијката Мери Кеј Холтус „доживеала неколку повреди“ откако паднала од своето столче.
A man attacked a Clark County judge in court today after she denied his probation. pic.twitter.com/CTL5VgPZFU
— Las Vegas Locally 🌴 (@LasVegasLocally) January 3, 2024
Судскиот маршал кој ѝ пришол на помош е пренесен во болница на лекување.
На обвинетиот Деобра Делоне Реден му била изречена казна за кривично дело кражба. Против него сега се покренати нови обвиненија.