Изминатата година зачестени беа полициските контроли на сообраќајот, како во градовите, така и на патиштата низ државата.
Според видеото објавено од министерот Оливер Спасовски за работата на МВР, во 2023 година биле регистрирани дури 217.500 сообраќајни прекршоци.
Ако се направи проста математика, тоа значи дека лани, дневно се пишувале околу 600 казни (595) на несовесни возачи.
Возење со брзина поголема од дозволената, управување без возачка дозвола и управување под дејство на алкохол се трите најчести прекршоци што ги прават македонските возачи.
Наскоро, полицијата сообраќајни прекршоци ќе „лови“ и со две најмодерни возила – пресретнувачи.