Search
Search

Тасевски: Се очекуваат оставки од 20 до 30 контролори на летање и нивни помошници од позициите во М-НАВ

Дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува од денеска да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, најави на прес-конференција претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски, образложувајќи дека оставките се за поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Не ја исклучуваат, како што рече, и можноста за штрајк, но тоа нема да биде во наредните неколку дена.

– Верувам дека овој пат според начинот како се одвиваат работите нема да биде штрајк на контролори на летање, туку на сите вработени во Македонска навигација. Ако се организира ќе биде за тотално затворање на сите сектори што ги има институцијата, рече Тасевски.   

Тој оцени дека конкурсот за вработување е прекршен  по многу основи и најави дека ќе се покрене постапка за негово оспорување. Очекуваат и реакции од кандидатите кои биле одбиени на конкурсот.

Според него, кривичната пријава против него од двајца од директорите во М-НАВ е „притисок да се откажат од активностите за заштита на професионализмот и стопирање на клиентелизмот и непотребните и несуштински вработувања“.

 

АКТУЕЛНО