Search
Search

Има градоначалници што го собираат сметот и повторно полнат исчистени депонии, вели Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека од почетокот на мандатот исчистиле 220 диви депонии.

Според неа, тоа било одраз на добра волја и истите не биле под нивна надлежност.

„Има градоначалници кои што го собираат сметот и одат повторно полнат диви депонии. И евидентирани се, на камери, снимени се“, вели Арсовска.

Таа додава дека зголемен е бројот на надзори како и бројот на глоби.

„Нема селективно постапување“, додава Арсовска.

По информациите дека за буџетот во Град Скопје гласале СДСМ и Левица, ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во него нема развојна компонента, сликата според градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е сосема поразлична.

Како доказ дека и советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласале, Арсовска извади фотографија на која беше ставена стрелка за да се покаже каде е раката на претседателот.

„Небулозно и смешно е вие да зборите за неразвоен буџет, а како сметале тие дека ќе стане развоен, со 4-5 амандмани што ги поднеле? Прво да се разбереме, кога се зборува и кога се излегува со флоскули, треба да се знае барем што е значењето на тие зборови“, вели Арсовска.

АКТУЕЛНО