Search
Search

Повеќе од два часа се чека за излез од државата кон Бугарија

Километарска колона возола повеќе од два часа чека за влез во Бугарија на граничниот премин Делчево-Станке Лисичково.

Според информациите кои ги доби дописникот на МИА, како една од причините се наведува присуство на повеќе автобуси затекнати на овој граничен премин, додека дел од причините за застојот се и проблеми со системот за влез на граничниот премин Станке Лисичково.

-Тука сме околу два часа, горе има околу осум автобуси, а колоната е долга над еден километар. Кога патуваме за Бугарија честа причина е и пад на системот од бугарска страна што предизвикува застој и на македонска страна, вели возач од Делчево.

Поголеми гужви за влез во земјава не се забележани, а поголема фреквенција на возила се очекува во полпладневните часови.

 

АКТУЕЛНО