Search
Search

Зеленски на гости кај Рама, најавен самит за Украина во Тирана

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека во Тирана ќе се одржи самит за Украина, на кој ќе учествува и претседателот на земјата, Володимир Зеленски, но не прецизираше кога ќе се одржи состанокот.

Рама ова им го кажа на новинарите на 22 јануари во Скопје, по конференцијата со лидерите на Западен Балкан „План за раст на Западен Балкан и брза интеграција во ЕУ“.

,,Подготвуваме самит во Тирана за Украина, а ќе биде присутен и претседателот Зеленски. Во исто време ќе се обидеме да ја имаме следната средба на лидерите од регионот со оние кои се уште денес таму и ќе го следат овој процес“, рече Рама, мислејќи на Европската комисија и американската администрација.

АКТУЕЛНО