Search
Search

Фондацијата „Заев – едно општество за сите“ ја спонзорира велосипедистката Иванова за учество на Европското првенство во Полска

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ ќе ја спонзорира велосипедистката Дуња Иванова за нејзиното учество на Европското првенство во велосипедизам, со цел да даде поддршката за афирмација и популаризација на жената во спортот, но и на спортот воопшто.

– Во рамките на „ЗАЕВ спортско-рекреативна програма“, која меѓу другото има за цел да го потпомага афирмирањето на македонскиот спорт во меѓународни рамки нашата Фондација во соработка со сродни општествено одговорни компании обезбеди спонзорство од 1.346 евра за македонската велосипедистка Дуња Иванова за нејзино учество на Европското првенство кое ќе се одржи во Полска во јуни 2024 година. Дуња Иванова ќе биде прва жена од Северна Македонија која ќе се натпреварува на едно европско првенство во велосипедизам – соопшти Фондацијата.

Иванова како државна првенка во планински велосипедизам во август минатата година, учествуваше на Светското првенство во Глазгов – Шкотска, а годинава ја очекуваат и редица други натпревари низ Балканот и Европа.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ информира дека во текот на оваа година ќе поддржи и други спортисти и спортски колективи.

Неодамна фондацијата донираше амбулантно возило за ЈЗУ Општа болница – Струмица.

АКТУЕЛНО