Search
Search

Временска прогноза: Не излегувајте од дома без чадор и капа!

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, на планините и на некои од повисоките места претежно во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 m/h), информираше УХМР.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за понеделник

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Прогноза за вторник

Утрото студено со појава на мала до умерена локална облачност, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за среда

Утрото студено и ведро, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

АКТУЕЛНО