Search
Search

Полицијата влезе на „Онкологија“, приведен поранешниот директор Нино Васев

Полициски екипи утрово влегле на Клиниката за онкологија во Скопје а биле извршени и претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“.

Неофицијално се дознава дека во кругот на клиниката „Мајка Тереза“ е приведен и поранешниот директор на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев.

Од Основното јавно обвинителство велат дека се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител, но повеќе детали не откриваат.

Оттаму додаваат дека кога ќе имаат повеќе детали истите ќе бидат споделени со јавноста.

АКТУЕЛНО