Search
Search

Терапевтка за парови открива што е важно за здрав брак

Кога во сето ова ќе ги вклучиме децата, бракот станува уште поголем предизвик. Затоа, партнерите мора да се грижат за негување на нивниот личен однос, како и за односот со своите деца.

Понекогаш тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Но, терапевтката Ванеса Морган сподели неколку совети кои може да помогнат.

Во објавата таа детално објасни пет принципи кои таа и нејзиниот сопруг ги применуваат за да го негуваат својот брак.

  1. Направете тајм-аут

„Кога расправијата станува премногу вжештена, си даваме простор еден на друг. Ветуваме дека ќе се вратиме на разговорот откако ќе се смириме за да можеме поефективно да комуницираме. Ова ни помага да избегнеме да кажуваме грди работи во вжештена атмосфера и промовира поздраво решавање на конфликтите“, објасни Морган.

  1. Чувајте си го грбот јавно и приватно

„Склучивме пакт никогаш да не зборуваме лошо еден за друг, особено пред други луѓе, вклучувајќи ги и нашите деца. Веруваме дека одржувањето на меѓусебната почит е клучно за силно и партнерство исполнето со љубов“.

3️. Преземете одговорност за „предизвикувачите“

Емоционален предизвикувач (тригер) може да биде личност, збор, настан или искуство што предизвикува емоционална реакција. Терапевтката објаснува како таа и нејзиниот сопруг се справуваат со нив.

„И двајцата препознаваме дека имаме ‘тригери’ кои можат да влијаат на нашите емоции и реакции. Наместо да се обвинуваме еден со друг, се обврзуваме да се грижиме еден за друг. Овој договор ни помага да се движиме низ тешките моменти со емпатија и разбирање“.

4️. Прифатете ги несовршеностите

„Прифаќаме дека не сме совршени и дека и двајцата имаме недостатоци. Ветивме дека никогаш нема да се срамиме или критикуваме за нашите несовршености. Наместо тоа, избравме да се прифатиме. Овој принцип ни овозможува да растеме заедно како поединци, но и како двојка“, сподели Морган како четврти совет.

5️. Споделете ги вашите чувства искрено (дури и кога тоа е тешко или страшно)

„Се договоривме да ги споделуваме нашите мисли и чувства на јасен начин и со почит, дури и ако мислиме дека тоа може да го вознемири другиот. Неверојатно е важно да не ја криете вистината од вашиот партнер само затоа што мислите дека тоа ќе го вознемири. Вашиот партнер да има свои автентични реакции и чувства е важен дел од здравата врска“, заклучува Морган./Kajgana/

АКТУЕЛНО