Search
Search

Министерот Тошковски зборувал со грчката амбасадорка за пасошите, ама не кажува што

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, го образложил проблемот со недостатокот на обрасци за патни исправи за завршување на обврските за промена на пасошите до 12 февруари. Тошковски предложил мерки за разрешување на проблемот, но според соопштението на МВР не е јасно кои се тие предложени мерки ни што одговорила амбасадорката Филипиду.

Проблемот со промената на пасошите со новото име што произлегува од Преспанскиот договор стана еден од најголемите проблеми за македонските граѓани, особено за оние што живеат во Скопје. Во другите градови ситуацијата е нормализирана, само во Скопје се големи навалиците за поднесување и земање на пасошите.

 

АКТУЕЛНО