Search
Search

Њујорк ги прогласи социјалните мрежи за опасност по јавното здравје

Њујорк стана првиот голем град во САД кој социјалните мрежи ги прогласи за опасност по јавносто здравје, соопшти градоначалникот ма Њујорк, Ерик Адамс.

„Препознавајќи ја опасноста која ја претставуваат социјалните мрежи за младите луѓе и менталното здравје, комесарот за здравство и ментална хигиена на градот Њујорк, д-р Ашвин Васан, издаде совет во кој непречениот пристап до социјалните мрежи и нивното користење го идентификуаат како опасност по здравјето“, изјави Адам.

Тој ги повика компаниите, во чија сопственот се социјалните мрежи, да не поттикнуваат на криза во менталното здравје, особено кај младите.

„Социјалните мрежи како TikТok, YouTube и Facebook потикнуваат криза на менталното здравје, дизајниранјќи свои платформи со заразни и опасни функции“ вели Адамс.

Тој истакна дека не може да дозволи да стои настрана и да им дозволи на големите технолошки комампании да профитираат на сметка на приватноста на децата и да го загрозат нивното местално здравје.

АКТУЕЛНО