Search
Search

Заборавете на дебелите јакни во следните 10 дена – Се очекуваат пролетни температури и до 20 степени!

Првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок,  вели метеорологот Славчо Попоски во метеоанализата.

Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот “Зевс”. Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени.

„Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица“, вели Поповски.

Според моменталните анализи со кој располагаме, враќањето на зимата и на снегот ќе ги очекуваме по 10 февруари. НАПОМЕНА: Во следните 10 дена заборавете на дебелите јакни, капи, шалови и чизми, а снегот и студот ќе го чекаме по 10 февруари.

АКТУЕЛНО