Search
Search

Герасимовски: Општина Центар е позитивен пример за финансиско управување

Општина Центар е позитивен пример за финансиско управување според доброто финансиско управување насочено кон граѓаните, покажува извештајот на УНДП за 2022 година, на тема „Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните: пристап заснован врз податоци за позитивни отстапувања“, соопштија од општината.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, како што се наведува во соопштението, порачува позитивните практики на Општина Центар да ги следат и другите општини.

– Навистина сум горд што нашата отвореност кон граѓаните за финансиското работење, нивната вклученост, проектите, интересот на проблемите на граѓаните и инвестициите за нивно решавање е позитивно оценето во Извештајот на УНДП. Општина Центар е позитивен пример за финансиско управување и тоа е така затоа што сме силно посветени за вложувања кои ги задоволуваат потребите на граѓаните, истакна Герасимовски.

Како што информираат од општината, во однос на партиципативното буџетирање, УНДП оценува дека Општина Центар организира тет а тет средби со засегнатите страни и избира проекти по пат на гласање, а да се каже „не“ е ретка одлика на одделот финансии во Општина Центар.

Оттаму велат дека токму на овие лични средби кои позитивно ги оценува УНДП инсистирал и градоначалникот Герасимовски. Многу пати тој иницирал директни средби со бизнисмените и граѓаните со цел, како што посочуваат, да ја види фактичката и реална состојба на потребите со цел да се изнајде соодветно решение. По овие согледувања соодветни одлуки донесува и финансискиот сектор во општината кој позитивно е оценет и во Извештајот.

– Вработените во одделот за финансиски прашања се почитувани од градоначалниците и од членовите на општинските совети со различна партиска припадност. Тие одржуваат висок степен на професионализам. Клучно е да се знае кога да се каже „не“ на неостварливите иницијативи, или барем да се каже „не сега“. Тоа е важно за подготовка на веродостоен локален буџет, избегнување на натрупувањето заостанати долгови на општината и влегување во непозната финансиска територија. Тоа е исто така поврзано со потребата за реално планирање и за придржување до фискалните ограничувања, е оценка на УНДП, која ја пренесува општината во своето соопштение.

АКТУЕЛНО