Search
Search

Нови реквизити на детското игралиште близу Градската болница

Општина Центар го реконструираше детското игралиште близу Градската болница, кај поранешен „Јукан“.

-Поставени се нови лулашки, лизгалка и четири коцки за качување. На игралиштето извршена е и санација на две клупи за седење и следење на детската игра.Во убавите сончеви денови на ова детско игралиште повторно ќе ечи детската смеа. Вложувањето во детски реквизити за правилен раст и развој е вложување во здравјето на нашите дечиња – соопштија од локалната самоуправа.

Воедно, започна и демонтажата на старото фудбалско игралиште кај зградата на ССМ. На негово место ќе бидат поставени нови реквизити. Игралиштето ќе добие нова подлога, нови голчиња и ограда и повторно ќе биде зборно место на децата од околината.

 

АКТУЕЛНО