Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение е обезбеден во општината Росоман, информираше денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов.
Опфатени се вкупно 188 ученици од ОУ „Пере Тошев“ и подрачните училишта.
– За прв пат во нашата општина обезбедивме бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение.
Со оваа мерка покажуваме грижа за нашите најмили, а истовремено се помага и секое младо семејство, соопшти Николов.