Search
Search

 Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Во Скопје дневна температура до 9 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите, кои во првата половина од следната седмица ќе бидат над просекот за овој период од годината.

 

АКТУЕЛНО