Search
Search

Граѓаните во еврозоната земаат сè помалку кредити

Домаќинствата во еврозоната сè помалку се задолжуваат кај банките, е заклучокот од новиот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во декември.

Банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната се зголемија за 0,3 отсто на годишно ниво во декември, што е најбавно годишно темпо на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ. Вкупната вредност на кредитите на приватниот сектор во декември е зголемена за 0,5 отсто на годишно ниво.

АКТУЕЛНО