Search
Search

Петровска во Амбасадата на САД со миленичето кое го посвои од улица

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска присуствуваше на “Денот со миленици” организиран во Амбасадата на САД во Скопје.

Таа на овој ден кога сите вработени во амбасадата доаѓаат со својот миленик на работа беше гостин со Стела, кутрето кое и се качи на бина и си го посвои. Во објава на социјалните мрежи Петровска вети дека ќе направи ваков ден со миленици на работа и во Министерството за одбрана.

АКТУЕЛНО