Search
Search
Налепници за регистарски таблици/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Пристигнаа налепниците со „НМК“

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, изјави за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Според Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните за нив да плаќаат од 30 до 50 денари.

Тендерот за набавка на налепниците „НМК“ го доби фирмата „Квантум“ од Скопје, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници.

АКТУЕЛНО