Search
Search

Министерката Шукова за Градска.мк: Општина Центар е пример за енергетска ефикасност

Загадувањето на воздухот отсекогаш било преокупација на државата и Скопје како главен град со најмногу жители, а државата преку свои политики потикнува да се зачува животната средина. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во интервју за Градска.мк вели дека загадувањето на воздухот најмногу доаѓа од домаќинствата.

Таа вели дека како министерство потикнуваме на развој на гасоводната мрежа, и се повеќе поврзување на топлинска мрежа, значи на парното греење.

Кога сме кај општините, Шукова вели дека имаме позитивни, и негативни примери по однос на загадувањето на воздухот. Како позитивен пример ја даде општина Центар поради вложувањата во енергетската ефикасност.

„Еве јас ќе ја земам како позитивен пример, Општина Центар, која што формираше свое претпријатие за енергетска ефикасност. Многу влужуваат во училиштата, во градинките. Вложуваат во нивните јавни објекти да трошат што помалку електрична енергија или топлинска енергија. Народно кажано да не им бега топлината, со тоа што ќе ги заменат вратите, ќе ги заменат прозорците, ќе ги заменат крововите. Ке го направат објектот енергетски поефикасен“.

На прашањето ако може Општина Центар, зошто не можат другите општини, министерката Шукова изјави дека таа можеби е понезависна финанциски.

Таа понатаму вели дека порано имаше повеќе иницијативи од општините за намалување на загаденоста, сега како да има назадување.

„Морам да кажам дека последните две-три години не гледам баш некои иницијативи. Тогаш од општините имаше набавка на инвертери, имаше набавка на велосипеди, имаше субвенција за чистење на оџаци. Јас се сеќавам до пред некоја година Градот Скопје субвенционираше чистење на оџаци во домаќинствата. Тоа беше толку добра мерка, затоа што неисчистен оџак дополнително загадува. Јас паметам пред три или четри години имаше акција за чистење на оџаците, зошто кога имаме такви позитивни примери едноставно не продолжиме“, рече министерката Шукова.

АКТУЕЛНО