Search
Search
via Wikimedia Commons

Проверете ги очите за да го задржите мозокот здрав!

Луѓето кои најчесто ги игнорираат проблемите со видот, а на тој начин и не ги третираат оштетувањата, се значително подложни да развијат деменција, според ново истражување на реномираното списание „Јама Офталмологија“, пренесува  Си-ен-ен.

Иако претходните студии покажуваат поврзаност помеѓу когнитивното и визуелното здравје, ова последно истражување, сепак, е уникатно и укажува на сериозноста на проблемите со видот и поврзаноста со останатите мозочни функции, вели научникот д-р Џошуа Ерлих, главниот автор на извештајот.

Ерлих и неговите ко-автори ги разгледале податоците од националната студија за трендовите на здравјето и стареењето во САД во 2021 година и вклучиле скоро 3.000 луѓе. Во рамки на истражувањето  на поединците им дале таблет уреди во кои имало тестови за блиска и далечинска визија, како и сензитивност на контраст.

-Ги направивме сите истражувања за да се осигураме дека всушност, тестовите на овие таблети се еквивалентни на класичниот тест, тн. златен стандард кој доаѓа од ординацијата на докторот, и го спроведовме ова во домовите на илјадници постари возрасни испитаници”, рече Ерлих, помошник професор по офталмологија и визуелни науки на Универзитетот во Мичиген во Ен Арбор. Учесниците, кои биле постари од 71 година, потоа биле тестирани за откривање на деменција, се вели во студијата.

 

via Wikimedia Commons

Според истражувањето, од вкупната бројка на луѓе вклучени во студијата, 12,3% покажале знаци на деменција. Кај луѓето со далечинско визуелно оштетување, тоа скокнало до 19,5%; а дури 21,5% за оние со блиско визуелно оштетување; и 32,9% за луѓе кои имале умерено до тешко оштетување на видот или биле слепи. Студијата покажа дека дури и благото оштетување на видот може да го зголеми ризикот, вели  д-р Ариел Силверман, директор за истражување на Американската фондација за слепи.

Исто така, зголемувањето за умерено и за тешко оштетување било значително.

Што било откриено прво?

Важно е да се напомене дека поради начинот на кој е дизајнирана оваа студија, самиот истражувачки тим не може да знае со сигурност дека оштетувањето на видот ја предизвикало деменцијата, туку дека тие само биле во корелација. Деменцијата можеби предизвикува губење на видот, или пак тие едноставно се случуваат во исто време. Ерлих вели дека исто така, постои слична корелација помеѓу губењето на слухот и деменцијата. Можеби нарушувањата го намалуваат нашиот сетилен и сензорен пренос, што би можело да доведе до извесна забуна која може да го забрза когнитивниот пад, вели Холанд.

-Ако не можеш да почувствуваш нешто и знаеш дека се повредиш, ќе се здобиеш со некаква повреда. Тоа е и самото име на играта. И тоа е истото нешто кога станува збор за вашиот слух и вашата визија, додава тој.

-Друг фактор кој може да доведе до корелација е можно намалување на можностите и учеството во заедницата, со што би можеле да дојдете до губење на визијата, вели Силверман.

 

Следните чекори

Што треба да се направи во врска со тоа? Држете се на врвот на грижата за својот вид, вели Ерлих. 

Но, не секој случај на губење на видот се лекува. Затоа е важно да се спои превентивното здравје на визијата со рехабилитационите услуги –  “за да можат луѓето кои стануваат слепи или имаат слаб вид да продолжат да го живеат својот живот активно со избор, независност и доверба”, рече Силвермен.

Како што додава тоа би можело да значи градење на вештини за да можат луѓето кои се слепи да продолжат да се движат независно и безбедно низ светот, да се вклучат во хобија и да прават други работи кои се клучни за когнитивното здравје

 

АКТУЕЛНО