Во видеото кое собра 4,9 милиони прегледи, пилотот покажа како изгледа просторот зад пилотската кабина со ограничен пристап, кој е опремен со две седишта на навалување.
Камерата потоа се префрла на платформа во авионот со две тесни легла за спиење за кои многумина напишаа дека се клаустрофобични.
„Зарем тоа не е премногу тесно?“, праша еден, а друг додаде: „Едвај ги собира рамената.“
„Како е ова во ред за дежурните пилоти“, гласат првите два коментари поврзани со „леглото“ во авионот.
„Жал ми е што го видов ова, сега не сакам повеќе да се качам во авион“, коментираше трет инстаграмџија, а многумина беа изненадени од фактот што пилотите спијат во авионот.
„Зошто спијат за време на летот? Тие се платени да управуваат со авионот“ и „Ова ми ја зголемува анксиозноста“ се дел од коментарите на видеото на пилотот.
Инаку, овие специјални кабини за спиење се достапни само на летови кои траат подолго од седум часа, а на долгите летови се присутни тројца до четворица пилоти./Кајгана/