Search
Search

„Бутик на отворено“ кај пешачкиот мост на Бит пазар

Додека пешачкиот  мост кај Бит пазар стои затворен, на продавачите покрај овој мост им текна една „брилијантна стартап“ идеја. Продавање на ташни! Барем за нешто да се користи.

Пешачкиот мост на ова локација станува како бутик или продавница на отворено, каде што не само што можете да застанете, туку и купувате последни модели на ташни.

Ова е класичен пример како се спојуваат потребите на луѓето со креативноста и потенцијалот на градските простории.

Како што би рекле скопјаните, “кога вратите се затворени, прозорците се отворени”.

АКТУЕЛНО