Search
Search

ЦУК: Девет пожари на отворено за еден ден

Изминатото деноноќие се евидентирани девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат од Центарот за управување со кризи.

Центарот за управување со кризи информира дека во последните 24 часа имало вкупно 1 924 повици на бројот за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,75 отсто, а 55,25 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 48,83 отсто, кон итната медицинска помош 46,09 проценти, а кон пожарникарите 2,73 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

АКТУЕЛНО