Search
Search

ВИДЕО АНКЕТА Имаме ли „скопска фаца“?

Дали се социоекономиските причини, дали е недостигот на граѓанство или нешто друго не можеме да знаеме, но едно е сигурно дека Скопје не произведува повеќе таканаречени „скопски фаци“.

Граѓаните се „изгубени“ во потрага по таинствениот “скопска фаца” кој или која, изгледа, едноставно се изгубила. Дали станува збор за јавен феномен, нов моден тренд или преодна фаза граѓаните се запрашуваат каде отиде таа идентитетска ориентација која ја карактеризираше порано главниот град.

Дека тоа е така се погрижија скопјаните кои преку своите одговори за Градкса.мк скоро никој не можеa да издвoјат за „фаца“ на Градот.

На прашањето Кого би издвоиле како скопска градска фаца?,  – одговорите им беа со „кренати раменици“, a некои граѓани го издвоија Игор Џамбазов, некои Зоки Фаци, и Тони Михајловски.

Дали Скопје ќе роди скопски лик останува да видиме, но она што се знае е дека можеби во недостиг на младина и урбан живот, Скопје останува без ниту една фигура со која би се идентификувала.

АКТУЕЛНО