Search
Search

Герасимовски: Борбата со сајбер булингот бара сериозен пристап од повеќе институции

Сајбер булингот е „злото“ на новото време кој бара сериозен пристап од повеќе институции за да се намали и спречи, истакна  градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој учествуваше на настанот “Дигитализацијата и сајбер безбедноста: сегашноста и иднината на учениците” организиран од „Аналитика Тинк Тенк“.

Во оваа ера на технолошки развој кога младите уште од рана возраст имаат пристап до компјутери и мобилни телефони не само булингот како врсничко „физичко“ насилство туку и сајбер булингот е проблем кој никако не смее да се занемари ниту било како заобиколи. Напротив тој носи последици кои децата, а често и родителите и целото семејство може да ги носат со години, па и цел живот. И ова е она кое ние како општество, не смееме да го дозволиме. Борбата со булингот мора да биде заедничка и единствено како таква ќе се намали и спречи, рече Герасимовски.

Тој потенцираше и дека Општина Центар многу сериозно работи за подигнување на свеста за булингот и заштитата од него преку бројни обуки, предавања и работилници со цел учениците, наставниците и стручните служби да го препознаат и соодветно да делуваат за да го спречат.

Во сите осум наши училишта особено изминатата година имавме навистина многу работилници, обуки и предавања од психолози, педагози, претставници од Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и неколку невладини организации. На овие работилници и предавања учествуваа учениците од трето до деветто одделение, но обуки за препознавање и спречување на булинг поминаа и директорите, стручните соработници и наставниците од сите училишта во општината. Нашата цел како општина е на овие работилници учениците да ги препознаат видовите насилство, последиците од булингот, начините на изразување задоволство без навреда како и промовирање на другарството и негување на позитивните вредности како љубеност, почитување и ненасилна комуникација, рече Герасимовски.

 

АКТУЕЛНО