Search
Search

Пациент во велешката болница паднал од болнички кревет, два часа никој не му помогнал, па се јавил на 112

Пациент паднал од болнички кревет, а немало кој да го крене цели два часа, па помош барал на 122 во Центарот за управување со кризи. Ова го раскажа директорот Стојанче Ангелов за СДК, а доктор Ненад Лазаров повика на одговорност.

„Секој еден од нас ни можел да биде во тој кревет, ова е навистина дно што го прочитав. Паднал од кревет повреден и неподвижен ВО БОЛНИЦА и морал на брза помош да врти бидејќи 2 часа никој не се појавил да му помогне да не лежи на под! Дали и кој сносел одговорност за ова?“, вели Лазаров.

Претходно, Ангелов раскажа: „Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош“.

АКТУЕЛНО