Search
Search

Казнети 159 возачи во Скопје, најмногу за брзо возење

Полицијата вчера на територија на град Скопје санкционирала 159 возачи.

Од 159 санкционирани возачи, 29 биле казнети за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет санкции за управување под дејство на алкохол.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.

АКТУЕЛНО