Search
Search

Инвеститорот досега не поднел жалба за висококатницата кај Воена болница, но продава станови

Градежната механизација и денеска работи на местото каде треба да се гради зграда во близина на болницата „Осми септември“. Конзерваторски центар на 21 февруари го поништи позитивното мислење, рокот за жалба на инвеститорот истекува утре. Од Конзерваторскиот центар велат дека до денеска до нив не е стигната жалба од инвеститорот.

Во меѓувреме дел од советниците во општина Карпош апелираат градежните активности времено да престанат со работа се додека конечно не одлучат институциите..

Од Општина Карпош велат дека не ја стопирале градбата бидејќи роковите по жалба се уште се во тек.

„Што ако инвеститорот поднесе жалба и таа се прифати. Тогаш тој може да ја тужи Општината бидејќи има дозвола за градба. Откако ќе завршат сите жалбени постапки и решението на Конзерваторски стане правосилно ќе донесеме одлука“, велат од општина Карпош.

Одобрението на Конзерваторски е клучно за добивање градежна дозвола затоа што дел од парцелата влегува во границите на зградата споменик Воена Болница која е заштитена како културно наследство. Рокот за жалба истекува утре, фирмата која го гради новиот станбен објект на својата фејсбук страница објави фотографија за тоа како ќе изгледа Рубик кулата и дека во тек е продажба на станови на 17-катницата во општина Карпош.

АКТУЕЛНО