Search
Search

Ќе може да се гласа и со стари лични документи

Експресно со целосен политички консензус поминаа измените на Изборниот законик со кој се овозможува граѓаните на кои во изминативе 9 месеци им е истечена личната карта и пасош да можат да гласаат на претстојните избори.

Овој заеднички предлог стигна синоќа во Собранието а се работи за онаа преодна одредба за кој што и самата Државна изборна комисија бараше од пратениците да се донесе за да се овозможи на околу 100.000 граѓани со истечени документи да можат да гласаат. Со ова решение всушност ќе се овозможи и сите оние кои што ги поседуваат документите со старото име да можат да го остварат своето гласачко право.

„Целта е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите – сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација“, вели Мартин Костовски.

Исто така во Изборниот законик ќе има уште една измена во однос на правото на глас на сите оние кои ќе станат полнолетни помеѓу двете круга на изборите да можат да гласаат и овој член ќе важи и за сите наредни избори. Измените на Изборниот законик беа предложени со потписите на координаторите на СДСМ Мартин Костовски, на ДУИ Арбр Адеми и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

 

АКТУЕЛНО