Search
Search

(ВИДЕО) Погледнете како се движеле континентите во период од 100 милиони години

Научниците неодамна пресметаа и создада илустрирано видео за тоа како во последните 100 милиони години се случувало движењето на континентите. Краткото видео дава приказ за тоа како настанал нашиот свет во толку краток временски период, особено како Африка толку многу се променила со текот на времето. Иако постојат бројни истражувања за тоа зошто земјината топка изгледа онака како што изгледа, се чини тешко е да се сфатат сите појави кои го менувале светот, особено со гледање на статична 2Д слика на Земјата.

„Ако барате континуиран модел на интеракција помеѓу речните сливови, ерозиите на глобално ниво и таложењето на седименти со висока резолуција во последните 100 милиони години, тоа едноставно не постои“, вели главниот автор на трудот што го презентира видеото, д-р Тристан Салес од Универзитетот во Сиднеј.

Тој посочува дека при изработката на илустрираниот модел за промените на земјината топка првенствено биле земени континенталните наноси и тектониката на плочите, но не го изоставиле и делот на таложењата на седименти, ерозиите како и другите геолошки и хидролошки сили.

Во вториот дел од видео илустрацијата, сините нијанси на континентите ги прикажуваат стапките на таложење на седимент во контраст со ерозијата и вкупното испуштање на вода од речните текови. Целта на ваквиот вид истражување и илустрирање е да им  помогне на научниците и студентите да сфатат како водата го менува обликот на земјината топка.

„Значи, ова е голем напредок. Тоа не е само алатка која ќе ни помогне да го истражиме минатото, туку ќе им помогне на научниците да ја разберат и предвидат иднината“, додал д-р Салес.

Тимот кој работел на ова истражување и илустрација го појаснил и влијанието на движењето на континентите врз висината на глобалната топографија. Тоа е најизразено при променливата форма на Африка, особено Западна Африка. Исто така, клучно за еволуцијата на тој дел од светот е и настанувањето на Африканскиот Рог и Арапскиот Полуостров.

Следствено на тие промени се создадени копнените патеки кои овозможиле да се патува по копно од најоддалечениот врв на Азија до Африка. Доколку не се случела таа промена по се изгледа Северна и Јужна Америка ќе останеле ненаселени со хомо сапиенс.

 

АКТУЕЛНО