Search
Search

Истече рокот а инвеститорот не поднесе жалба до конзерваторски центар за ДУП кај Воена болница

Невлдината О2 предлага измени на Законот за заштита на културното наследство. Велат пратениците се на потег, а законските измени ги предложиле поради сериозни злоупотреби и штета која секојдневно се акумулира со изградбата на комплексот на згради, т.н. 17 катница, во заштитеното подрачје на привремено заштитеното добро Споменик Воена болница-Скопје . Според нив постоечкиот закон има недоречености,па со предложените измени ќе се регулираат правните празнини, непредвидените ситуации на поништени одобренија и конзерваторски мислења, како што е случајот со висококатницата која се гради на овој простор и покрај поништеното мислење на конзератоски центар.

„Се уредува тој дел да може конзерваторскиот центар да донесе решение со кое што ќе издаде времено запирање на градбата додека не заврши жалбениот процес или па не се поништи одобрението за градење. Дополнително се уредуваат и самите празнини со правото на жалба каде конкретно може да се жали,кој орган е надлежен и дека жалбата не го одлага извршувањето на актот“, вели за Телма Татјана Чакулев од иницијатива о2.

Рокот истече, а инвеститорот не поднел жалба до конзерваторскиот центар.

„Продолжувањето на градбата на објектот не е во надлежност на НУ Конзерваторски центар – Скопје. Општината Карпош и инвеститорите се известени уште на 22.02.2024 година дека е донесено Решение за поништување на Конзерваторското мислење и доставена им е копија од истото. На Решението не е добиена Жалба. Понатамошните постапки на Општината Карпош не зависат од НУ Конзерваторски центар – Скопје, велат од Конзерваторски центар.

Одобрението на Конзерваторски е клучно за да се добие градежна дозвола затоа што, според нив дел од парцелата влегува во границите на зградата споменик Воена Болница која е заштитена како културно наследство. Според новиот дуп е предвидена 17-катница на оваа локација во општина Карпош.

АКТУЕЛНО