Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, соопштија денеска од МВР.
За возење повеќе од дозволената брзина изречени се седум санкции, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две мерки за управување под дејство на алкокол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните деновим најавија од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.