Search
Search

Дали ќе ја решите Ајнштајновата загатка? Успеале само 2% од луѓето

Во 1930 година, Алберт Ајнштајн смислил загатка која досега само два отсто од луѓето успеале да ја решат.

Загатката се базира само на логика и нема скриени трикови. Ако сакате да ја решите загатката, концентрирајте се и почнете.

На улицата има пет куќи обоени во пет различни бои. Во секоја куќа живее човек од различна националност. Секој од нив пие одреден пијалок, пуши одредена марка цигари и има домашно милениче. Никој од нив не пие ист вид на пијалок, не пуши иста марка цигари и нема исто милениче.

Британец живее во црвената куќа. Швеѓанецот има куче за милениче. Данецот пие чај. Зелената куќа е лево од белата куќа. Сопственикот на зелената куќа пие кафе. Сопственикот кој пуши Pal Mal има птици за миленичиња. Жителот на жолтата куќа пуши Dunhill. Човекот што живее во куќата на средина пие млеко. Норвежанецот живее во првата куќа. Сопственикот кој пуши Blends живее до куќата чиј сопственик има мачка. Човекот кој има коњ живее покрај човекот кој пуши Dunhill. Човек кој пуши цигари Bluemaster пие пиво. Германецот пуши цигари Prince. Норвежанецот живее до сината куќа. Човекот што пуши Blends живее покрај човекот што пие вода.

Прашањето е: Кој од нив има риба за домашно милениче?

Ако успеете да ја решите загатката, секако можете да се пофалите со својата интелигенција. Доколку не успеете да ја решите загатката, побарајте го одговорот во видеото подолу. /Кајгана/

 

АКТУЕЛНО