Search
Search

Пендаровски предлага две големи дебати со сите противкандидати на неутрален терен

Советниците за односи со јавност во штабот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, Богданка Кузеска и Наим Вренези денеска одржаа брифинг со главните и одговорни уредници на медиумите, на кој ги информираа за претстојната претседателска кампања, информираа од изборниот тим на Пендаровски.

Истакнувајќи дека Стево Пендаровски ќе води граѓанска, европска, транспарентна и позитивна кампања, Кузеска и Вренези посочиле дека штабот на Пендаровски на останатите кандидати за претседател им предложил да се одржат две големи дебати на неутрален терен, една на почетокот и втората, на крајот на кампањата.

Според нив, ваквиот формат на претставување на кандидатите, како што истакнаа тие, се прави во најразвиените демократии и на тој начин секој од кандидатите ќе добие простор да ја презентира својата програма.

Советниците ги информирале новинарите и дека на 3-ти април ќе се одржи граѓанска конвенција на која ќе биде презентирана програмата на актуелниот и кандидатот за иден претседател Стево Пендаровски, за следните пет години. Кузеска и Вренези посочиле и дека во пресрет на големите верски празници, претседателот Пендаровски ќе ги покани сите претседателски кандидати на ифтарска и велигденска вечера.

АКТУЕЛНО