Search
Search

Зошто не се сруши некогаш највисокиот облакодер во светот, по земјотресот во Тајван?

Работите за спасување и расчистување на урнатините продолжуваат по силниот земјотрес во Тајван во кој загинаа најмалку девет лица, а стотици беа повредени. Службите за итни случаи успеаја да извлечат шест рудари заробени во затрупаниот каменолом на безбедно, објавија денеска властите. Според Националната противпожарна служба, околу 150 луѓе се или заробени или немаат контакт со надворешниот свет од други причини – вклучувајќи и 64 работници во друг каменолом. Нема контакт со 52 лица, изјави министерот за внатрешни работи Лин Ју-чанг. На тие луѓе итно им се потребни храна и вода, објасни тој. Нејасно е колку се уште се живи.

Според властите, потрагата по затрупани и исчезнати лица е фокусирана во областа околу градот Хуалиен. Околу 40 вработени во хотел во Националниот парк Тароко во источен Тајван, исто така, се водат за исчезнати.

Земјотресот го погоди Тајван во средата наутро за време на сообраќајниот шпиц и беше почувствуван на островот со повеќе од 23 милиони луѓе. Според тајванските податоци, тој достигнал интензитет од 7,2 степени и се смета за најлошиот земјотрес таму во последните 25 години.

Епицентарот на земјотресот беше на само неколку километри од источниот брег во близина на Хуалиен, кој бил особено погоден – и поради релативно малата длабочина на епицентарот, на само 15,5 километри под површината на земјата. До денеска изутрина, во Тајван се забележани повеќе од 300 послаби последователни потреси.

Нов земјотрес денеска го погоди североисточниот дел на Јапонија. Според јапонската метеоролошка агенција, тој бил со јачина од 6 степени и се случил во регионот Фукушима – не е издадено предупредување за цунами. Нема извештаи за штети или за повредени веднаш по земјотресот, кој се почувствувал и во главниот град Токио.

Јапонија се наоѓа во една од тектонски најактивните области во светот и има строги градежни стандарди дизајнирани да обезбедат зградите да издржат силни земјотреси. Архипелагот е погоден од околу 1.500 земјотреси секоја година.

На облакодерот во Тајпеј не му фали ништо

Облакодерот Тајпеј 101 има 101 кат, висок е 509 метри и има посебна конструкција која го намалува нишањето за 40% при земјотреси, а конструкцијата „работи“ и во денови кога има силни ветрови.

не ја сруши највисоката зграда од 500 метри. Некогаш највисокиот облакодер не се урнал благодарение на специјалната конструкција. И покрај разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, кој вчера го погоди Тајван и предизвика сериозна материјална штета, облакодерот Тајпеј 101 во центарот на градот остана недопрен.

Како е тоа можно?

Објаснето е дека облакодерот не се урнал бидејќи при изградбата биле предвидени земјотреси, кои се чести во оваа клима и сосема нормални за структурата на земјиштето во Тајван.

Зградата има 101 кат, висока е 509 метри и има посебна конструкција која го намалува нишањето за 40% при земјотреси, а конструкцијата „работи“ и во денови кога има силни ветрови.

На видеото можете да видите како зградата се „однесувала“ за време на разорниот земјотрес и дефинитивно е дека не се помрднала од местото каде што требало да стои.

Структурата, која наликува на челична кула, тешка 660 тони, е поставена во внатрешноста на зградата и позиционирана високо на 92-от кат. Неговата цел е да обезбеди рамнотежа на зградата или да одржува рамнотежа – кога зградата се движи во една насока, кулата се влече во друга насока.

На тој начин, ако зградата се ниша, не може да се урне.
Ова е „пасивен систем за амортизација“ што значи дека работи без никаква надворешна контрола со помош на гравитацијата и движењето на зградата.

Тајпеј 101 е поранешниот највисок облакодер во светот. Се наоѓа во главниот град на Тајван, Тајпеј. Добитник е на големата „Emporis Skyscraper Award“ за најубава и неверојатна градба во 2004 година.

Тој е класифициран во новите седум светски чуда и седум чуда на инженерството во 2006 година. Облакодерот има 101 кат и е изграден во стар азиски стил. Самиот облакодер е висок 449,2 метри, но со антената неговата висина е 509,2 метри, што го прави еден од највисоките облакодери во светот.

Инаку, ова не е прв пат Тајван да го погоди силен земјотрес, а доказ за тоа е земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер кој се случи во 2022 година.

АКТУЕЛНО