Маргарита Арсова, филмски уредник во МКЦ, ни ја раскажа приказната за тоа како дошле до идеја да го снимаат филмот „ Ефтеркланг: Македониум бенд“, со данскиот бенд Ефтерланг, и објасни зошто го одбрале токму споменикот Македониум. Таа од блиску го раскажа целото искуство за читателите на Трн и за тоа како поминал филмот на премиерата во Данска.
Режијата на филмот е на на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм CPH:DOX
Музичкиот документарен филм, кој се снимаше во текот на април 2023, претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во потрага по македонски музичари, со цел составување голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.
„Премиерата на филмот беше проследена со уникатен концерт на ансамблот ‘Ефтеркланг: Македониум бенд’, во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот беа отсвирени најпознтите песни од бендот ‘Ефтеркланг’, но и македонски песни и џез-стандарди во препознатливиот народен ритам“, изјави Марга.