Search
Search

Поевтинуваат горивата

Од ноќеска на полноќ ќе се вози со поевтини горива, одлучи Регултарона комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и ќе изнесува 80 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 82 денари.

реклама

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за два денари, и од вечерва на полноќ ќе изнесува 69 денари.

Цената на екстралесното масло останува иста 68 денари, а мазутот се намалува за 0,4 денари и ќе изнесува 41,4 денари.

 

АКТУЕЛНО